Македонска пошта 2010 година ја заврши со добивка од 77,8 милиони денари (1,265 милиони евра), што е финансиски резултат од деловните активности двапати поголем од тој во 2009, информира директорот Ејуп Рустеми на одбележувањето на Денот на поштенските работници, 22 април. Моделот за приватизација на поштенската компанија, чиј акционер е Владата, според Рустеми, уште не е утврден, а одлуката треба да ја донесе Собранието на акционери. Книговодствената вредност на Македонска пошта изнесува 22 милиони евра. Вкупните приходи на Поштата во 2010 година изнесуваат 1.456.642.652 денари (23,7 милиони евра), односно се зголемиле за 6,6 проценти во однос 2009. Добивката пред оданочување за деловната 2010 изнесува 9.211.206 денари (околу 150 илјади евра).
Македонска пошта 2010 година ја заврши со добивка од 77,8 милиони денари (1,265 милиони евра), што е финансиски резултат од деловните активности двапати поголем од тој во 2009, информира директорот Ејуп Рустеми на одбележувањето на Денот на поштенските работници, 22 април.
Моделот за приватизација на поштенската компанија, чиј акционер е Владата, според Рустеми, уште не е утврден, а одлуката треба да ја донесе Собранието на акционери. Книговодствената вредност на Македонска пошта изнесува 22 милиони евра.
Вкупните приходи на Поштата во 2010 година изнесуваат 1.456.642.652 денари (23,7 милиони евра), односно се зголемиле за 6,6 проценти во однос 2009. Добивката пред оданочување за деловната 2010 изнесува 9.211.206 денари (околу 150 илјади евра).
Во 2010. во однос на 2009 година, наведе Рустеми, Македонска пошта бележи зголемување на обемот на поштенските услуги во внатрешниот сообраќај и тоа кај писмоносните услуги за 20,7 проценти. Зголемениот обем на работа, како што рече Рустеми, бил причина за новите 269 вработувања, од кои 95 се поштари. За вработувањата е добиена согласнот од Министерството за финансии.